gogo

A+ R A-


КАТАСТРОФА!!! Погледнете го стадионот во Пробиштип сега и пред три месеци

Пред неполни три месеци на стадионот во Пробиштип се играше прволигашки фудбал, играа и женски репрезентации, а денес стадионот не може никој да го препознае, како да паднала нуклерна бомба. Теренот подолго време не видел капка вода, тревата сува и уништена, настрешницата отстранета, соблекувалните испокрадени.
Според сознанието, ваквата состојба е резултат на војната меѓу досегашниот акционер „Црешово топче“ и локалната самоуправа, по што деновиве стадионот повторно се врати во владение на општината. Добра вест е што ФК Рудар доби покана да се натпреварува во Третата лига, под услов да ја плати котизацијата од 200.000 денари. Дали општината ќе застане зад клубот, ќе видиме наскоро.

alt

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.