gogo

A+ R A-


Ќе се реконструира и проширува градскиот парк во Пробиштип

http://probistip.mk/wp-content/uploads/2013/09/probistip-660x330.jpgГрадежната фирма „Урбан инвест“ од Кавадарци ќе ги изведува работите за реконструкција и проширување на градскиот парк во Пробиштип. На тендерот распишан од локалната самоуправа учествуваа пет субјекти, кои поднесоа понуди за спроведување на проектот. Планирано е да се прошири постоечкото зеленило, како и да се изградат фонтани и спортски содржини во паркот. Општина Пробиштип очекува дека со овој зафат градот ќе добие репрезентативен градски парк.

 Изведбените активности ќе се одвиваат во временски период од четири месеци, така што се очекува истите да бидат завршени најдоцна до крајот на јануари 2016 година. Во локалниот буџет за реконструкција и проширување на градскиот парк се предвидени 19.554.016 денари, односно околу 320 илјади евра.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.