gogo

A+ R A-


Манастирска манџа во ресторанот „Кај Зоки“ во Пробиштип! Кој пробал, ќе раскажува!!

altВо централното градско подрачје на Пробиштип, на крајот од стариот градски пазар, се наоѓа кафеаната „Кај Зоки“. Во сенката на високи дрвја, на аголот од „Лениновиот плоштад“, е распослан ресторанот со 17 години традиција, со многу убава храна и прекрасен амбиент. Со капацитет од 40-тина места во затворениот дел, и уште толку на летната тераса, оваа култна кафеана е примамливо место за сите љубители на гурманските специјалитети. Во ресторанот „Кај Зоки“ се нудат сите специјалитети карактеристични за Осоговието, и локални и регионални. Персоналот и сопственикот на ресторанот се посебно горди на својот омилен специјалитет наречен „Златен ќебап“. Во ресторанот се нудат и многу специјалитети од палетата на „Слоуфуд“, како надалеку познатата „манастирска манџа“, манастирско сирење посолено со кратовската „к'цана сол“ и залеано со манастирска ракија, со благослов од владика.
Цените се скроени според стандардот на просечниот граѓанин, прифатливи за сечиј џеб.
Во рамките на ресторанот постои и сместувачки капацитет со повеќе соби кој наскоро треба да биде ставен во функција.
Работното време е од 08 до 23 часот
Резервации 032/484-789 и 078/302-186
мејл: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.