gogo

A+ R A-


Масакр во Злетово со три жртви, убиецот се обесил

pukanjee500

Осомничениот за тројното убиство во Злетово бил пронајден обесен во бачило во близина на градот. Професионалниот војник кој ноќта кон вторникот бил на стража во кумановската касарна утрово со службениот „калашников“ ги уби таткото и мајката на неговата сопруга и уште еден жител на Злетово.

Четириесетгодишниот Манаилов утрово најпрвин го уби педесетгодишниот жител на Злетово, а потоа отишол во куќата на неговата сопруга и ги застрелал мајка и и татко и. Во тек била бракоразводна парница меѓу двајцата сопружници.

Соседи  велат дека повеќепати бил пријавуван за семејно насилство од баба му и дедо му. „Војската требаше навреме да си преземе мерки , да го отстрани од работа, да му го одземе оружјето“ изјавила сосетка.

Синоќа Манаилов бил на стража во кумановската касарна. „Напомнуваме дека согласно правилото за обезбедување објекти, материјални средства и луѓе во АРМ и неговата примена во однос на подготовката на припадниците на АРМ пред извршување на должноста, кај професионалниот војник од страна на лекар е утврдена добра здравствена и психофизичка состојба“ се вели во соопштението од АРМ. Оттаму велат дека не биле известени дека имало пријави за нивниот вработен, а немале основа за дисциплинска постапка, бидејќи немало правосилна пресуда против него.

Тројното убиство во Злетово е второто во текот на ноември, откако кавадарчанец ги уби таткото мајката и сестрата на неговата сопруга. Кавадарчанецот бил бранител во 2001 година и претходно пријавуван за семејно насилство, но сепак никој не му го одзел оружјето кое го поседувал со дозвола.

 

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.