gogo

A+ R A-


Министерот Спасов и градоначалникот Тоневски му помогнаа на опожареното семејство во Пробиштип

Министерот Спасов во посета на семејството Василеви од Пробиштип

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов заедно со градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски, претседателот на Совет на општината Ранко Давитков, директорот на Центарот за социјални работи и претставници на Црвениот крст го посети семејството Василеви. Ова семејство кое живее на работ на социјална егзистенција пред неколку дена настрада од пожар при што останале без поќукнина и облека.

Спасов истакна дека на семејството ќе му се додели еднократна парична помош, како и донација на мебел и покуќнина од проектот “Се грижиме за топол дом.”, а Центарот за социјални работи ќе помогне во процедурата за прибирање на потребна документација за добивање на социјална парична помош.

Црвениот крст кој континуирано го помага семејството, денес изврши донација на хигиенски производи, и прехрамбрени артикли

Општината Пробиштип со одлука на Советот ќе издвои средства за покривање на заостанатите долгови за електрична енергија и вода.

IMG_0009 IMG_9970 IMG_9979 IMG_9999

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.