Пробиштип добива современ музеј за ретки минерали кој ќе биде уште едно обележје повеќе, кое ќе го претставува градот по неговото рударско минато.
Градот Пробиштип ја има во сопственост една од најубавите минеролошки збирки на Балканот. Моментално оваа збирка е изложена во Домот на култура и се чува во несоодветни услови.
Истата е од непроценлива вредност за градот и претставува обележје на Пробиштип.
Изработен е основен проект за изградба на музеј кој ќе биде во форма на кристал и ќе биде лоциран во централното градско подрачје. Истиот ќе започне да се гради на почетоткот на 2013 година.