gogo

A+ R A-


Над милијарда денари проневерени во рудниците „Злетово“ и „Тораница“

http://www.kanal77.com.mk//mk/images/arhiva/05082013/rudnik_zletovo.jpgПолицијата поднесе кривична пријава против П.А.М. (70), К.М.(70), Н.М. (67), П.М. (43) сите од Индија и М.Б. (42) од Лондон - управители во ДПТУ „Индоминералс метал“ од Пробиштип и П.М. (43) од Индија, прокурист во „Индоминералс метал“, „ИММ Експлорејшн“и „ИММ Глобал логистик“ и против Ј.Б. (27) од Лондон, прокурист во „Индоминералс метал“ поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и предизвикување стечај со несовесно работење и оштетување или повластување на доверители.

Во периодот од 2007 до 2015 година, пријавените во својство на управители во „Индоминералс метал“, концесионер на рудниците Злетово и Тораница, побарувањата на паричните средства што „Индоминералс метал“ ги имала кон правно лице со седиште во Даглас, по основа на разни трансфери и позајмици, ги насочиле кон сметките на правните субјекти „ИММ Експлорејшн“ и „ИММ Глобал логистик“, инаку фирми основани и капитално поврзани со „Индоминералс метал“, оштетувајќи ја „Индоминералс метал“ за износ од 1.092.718.362 денари.

Исто така, во период од мај 2008 до октомври 2015 година, пријавените лица склучиле договор за купопродажба на минерали односно купопродажба на целокупното производство на рудниците „Злетово“ и „Тораница“ со правното лице „ИММ Интернешенл“ со седиште во Даглас.

Притоа, пропуштиле да го остварат побарувањето по основа на претходно склучен договор за купопродажба на минерали предизвикувајќи стечај на „Индоминералс метал“.

Во 2014 година пријавените лица склучиле договор за обезбедување на парично побарување со засновање на заложно право над недвижниот имот и невладетелски залог врз подвижните предмети на „Индоминерал метал“ како должник и заложен должник со правното лице „Марков лимитед“ во Лондон (фирма која е капитално поврзана со „Индоминералс метал“ и фирмата „ИММ Интернешенл“ во Даглас), со која што веќе имале воспоставено доверителски односи врз основа на претходно склучен купопродажен договор. На овој начин пријавените предизвикале материјална штета во висина од 1.330.620.353 денари на штета на „Индоминералс метал“ од Пробиштип.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.