Полициски службеник во Пробиштип бил нападнат додека бил на службена должност и расчистувал тепачка помеѓу три лица во Пробиштип.
Лицето Д.П. отпозади го удрил полицискиот службеник во пределот на тилот додека тој ја расчистува тепачката помеѓу Д.А.(26) , М.П.(22) и Х.Т.(21) сите од Пробиштип
Истиот е приведен и задржан во ПС Пробиштип и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.