Леарницата која ќе се гради во близина на Пробиштип ќе работи со најсовремената технологија за производство и по европски стандарди за заштита на животната средина, вели менаџментот на Кранфилд Фаундри.
Компанијата која со владата потпиша договор за инвестиција од 15 милиони евра, веќе ја поднела студијата за влијанието врз животната средина во ресорното министрество, а ќе организира и јавна дискусија за да одговори на сите прашања поврзани со проектот.
Министерот Бил Павлески потенцира дека леарницата е клучна за индустријата на автомобилски делови на која отпаѓаат најголем дел од странските инвеститори во земјава, а ја има во секој регион каде што функционира автоиндустријата.
Кранфилд Фаундри ќе отвори 300 работни места со план и да го прошири производството. Како што изјави менаџментот, Македонија е избрана заради добрите услови, квалификуваната работна сила и поддршката од владата. Самиот погон ќе го гради холандската Гемко, искусен изведувач во областа.