gogo

A+ R A-


Ненад Нешовски остана да ја брани честа на пробиштипјани во дресот на Силекс

Од поодамна Силекс се потпирал на фудбалери кои доаѓале од соседниот град Пробиштип, а кои биле играчи околу кои се вртела целата игра на кратовци. Да потсетиме само дека играчи како Стојан Игњатов, Ивица Глигоровски, Ванче Трајчов, Димитар Спасовски, Даниел Божиновски, Ѓорѓи Заревски, во минатото дале огромен придонес во играта на Силекс, а во претходните неколку години Ангел Тимовски и Глигор Глигоров беа локомотивата во составот на кратовскиот прволигаш. Но, со заминувањето на Глигоров и Тимовски, остана само младиот 18-годишен Ненад Нешовски да ја брани честа на пробиштипјани во дресот на Силекс. Се работи за млад фудбалер кој израсна во школата на Силекс, од кој се очекува во следниот период да созрее како играч и да застане рамо до рамо со неговите сограѓани, кои оставија траен белег во дресот на Силекс.

alt

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.