На Истокот на земјава дуваат некои нови ветришта. Инвестициите во земјоделството ја враќаат вербата кај земјоделците, кои долги години беа запоставени и оставени како знаат и умеат да се борат со сушата и другите непогоди во земјоделието.Браната Пишица која што се распука од големите поплави лани во февруари, ќе биде заменета со нова бетонска, која веќе интензивно се гради според највисоки стандарди.Пробивањето на пристапен пат доОризарска река е завршен, а наскоро ќе започне изградбата на круната на браната Речани, вредна околу 40 милиони евра. Вохидромелиоративниот систем Брегалница следните десет години треба да бидат инвестирани скоро 80 милиони евра во 37 проекти. Приоритетно ќе биде водоснабдувањето на граѓаните на Кочани, а ќе се наводнуваат и 3.200 хектари земјоделски површини.
-Во тек е постапката за објавување тендер за избор на изведувач за рехабилитација на каналот ГК 18, за кој се предвидени околу 80 милиони денари, додека на левиот канал, моментно се врши проценка за негова санација. Браната „Пишица“ веќе се гради со проектирана вредност на санацијата од 84 милиони денари. Во наредните две до три години се планира да почне и изградбата на браните „Брегалница“ на Козјачка река и Гумена брана кај село Прибачево, вели министерот за земјоделство Михаил Цветков.
Градоначалникот на Пробиштип,Тони Тоневски,вели дека изградбата на браната Пишица е голем благодет за жителите од пробиштипскиот регион, но и за селата од соседните две општини, кои во текот на летото ги наводнуваат своите ниви.Оваа мала вештачка акумулација има капацитет од 800.000 кубни метри вода и е изградена со намера да обезбеди техничка вода за селото Пишица, кое се наоѓа веднаш под браната, како и за наводнување на стотици хектари плодни ниви во атарот на овие две села. Жителите на Гујновце и Пишица се презадоволни од реконструкцијата на браната, додавајќи дека производството на ориз на големо се враќа на овие простори. Годинава се засеани 4.850 хектари или 235 хектари повеќе од лани и од нив се очекува производство од над 25.000 тони оризова арпа.
Новите брани го поткрепуваат земјоделството во Осоговието
Најново
![]() | Денеска | 1074 |
![]() | Вчера | 12395 |
![]() | Оваа недела | 22199 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 13469 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20931478 |