gogo

A+ R A-


Одбојкарите на Пробиштип го преболеа Купот, но „газат“ и понатаму во првенството

altПо изненадувачката елиминација во купот од аутсајдерот Лешок, актуелниот лидер во Првата одбојкарска лига на Македонија, составот на Пробиштип ВА го задржа максималниот ефект, откако во рамки на 9. коло славеше на гостински терен кај Вардар (0-3), за кого ова беше прв сезонски пораз на домашен терен.

На гостинска победа се радуваше и второпласираниот тим на Струмица, кој славеше на гостувањето во Велес против тимот на ГОК Борец со резултат од 1-3 во сетови. Единствени кои ја одбранија честа на домаќините беа играчите на УГД Студент, кои во Штип го совлада тимот на Лирија со резултат од 3-0. Дуелот Лешок - Шутова е одложен за в среда поради настап на актуелниот шампион на турнир во Косово.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.