По двата пораза од Струмица и Борец, одбојкарите на Пробиштип ВА ја препуштија лидерската позиција и завршија на второто место во регуларниот дел од сезоната. Тоа значи дека во следната фаза од шампионатот ќе ги вкрстат копјата со третопласираниот Борец Велес, додека лидерот Струмица ќе се соочи со Лешок. Ако се оди по планот, се очекува во големото финале да се најдат фаворитите Струмица и Пробиштип ВА, а за конечниот расплет ќе почекаме до крајот на мај.
Â