gogo

A+ R A-


Одбојкарите на „Пробиштип“ на чекор до големото финале во националниот Куп

Одбојкарите на „Пробиштип“ се на чекор до големото финале во националниот Куп, а последната пречка е тимот на Лирија од Жеровјане. Пробиштипјани имаат огромна предност од 3-0 по првиот дуел одигран на гостински терен, па се очекува реваншот да биде обична формалност. Доколку ОК „Пробиштип“ се пласира во финалето, таму ги чека тимот на Шутова од Кичево.
Мечот со Лирија се игра во спортската сала „Софија Петровска“ со почеток од 17 часот, а влезот е бесплатен.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.