Иако со огромно задоцнување, Одбојкарската федерација на Македонија ја донесе одлуката за неодиграниот натпревар помеѓу Пробиштип ВАÂÂÂ и Струмица во ноември минатата година. Мечот е регистриран со службени 3-0 за Пробиштип (25-0, 25-0, 25-0), бидејќи гостите од Струмица не допатуваа.
Струмичани се казнети и парично со 10.000 денари, а од бодовното салдо им е одземен и еден бод.
Пробиштип со 21 бод е есенски првак и има четири бода повеќе од Струмица воочи стартот на вториот дел од шампионатот, кој треба да почне идниот месец.