gogo

A+ R A-


Одбојкарот Иван Андонов избран за најдобар спортист на Пробиштип

Одбојкарскиот репрезентативец Иван Андонов во ,,фото финиш“ го победи репрезентативниот колега Филип Николовски со разлика од само еден поен.Трето пласирана е сениорската фудбалска репрезентативка Ели Јаковска која исто така во ,,трката“ за третото место за само 3 поени беше подобра од сениорската кошаркарска репрезентативка Катерина Поп Димитровска.
Петчленото жири гласаше вака:alt
Жири 1:
Филип Николовски 10 поени;
Иван Андонов 9 поени;
Ели Јаковска 8 поени;
Мартин Манасиевски 7 поени;
Ангече Тимовски 6 поени;
Даниел Нацевски 5 поени;
Катерина Поп Димитровска 4 поени;
Бојана Петкова 3 поени;
Филип Савовски 2 поени и
Даниел Божиновски 1 поен.
 
ЖИРИ 2:
Филип Николовски 10 поени;
Ели Јаковска 9 поени;
Катерина Поп Димитровска 8 поени;
Ангелче Тимовски 7 поени;
Мартин Манасиевски 6 поени;
Даниел Нацевски 5 поени;
Иван Андонов 4 поени;
Бојана Петкова 3 поени;
Филип Савовски 2 поени и
Даниел Божиновски 1 поен.
 
Жири 3:
Иван Андонов 10 поени;
Ели Јаковска 9 поени;
Катерина Поп Димитровска 8 поени;
Мартин Манасиевски 7 поени;
Филип Николовски 6 поени;
Филип Савовски 5 поени;
Даниел Божиновски 4 поени;
Ангелче Тимовски 3 поени;
Даниел Нацевски 2 поени и
Бојана Петкова 1 поен.
 
Жири 4:
Иван Андонов 10 поени;
Катерина Поп Димитровска 9 поени;
Ели Јаковска 8 поени;
Филип Николовски 7 поени;
Мартин Манасиевски 6 поени;
Ангелче Тимовски 5 поени;
Даниел Божиновски 4 поени;
Даниел Нацевски 3 поени;
Филип Савовски 2 поени и
Бојана Петкова 1 поен.
 
Жири 5 (фб гласови):
Најмногу гласови на анкетите на фб освои Иван Андонов- 1352 (845+507) или 10 поени;
Филип Николовски со 1001 глас (666+335) или 9 поени;
Филип Савовски со 357 гласа (209+148) или 8 поени;
Катерина Поп Димитровска со 293 гласа (203+90) или 7 поени;
Ангелче Тимовски со 234 гласа (179+55) или 6 поени;
Ели Јаковска со 216 гласа (170+46) или 5 поени;
Даниел Нацевски со 116 гласа (82+34) или 4 поени;
Мартин Манасиевски со 103 гласа (76+27) или 3 поени;
Бојана Петкова со 97 гласа (76+21) или 2 поени и
Даниел Божиновски со 96 гласа (64+32) или еден поен.
 
Конечниот пласман од 1 до 10 место изгледа вака:
1.Иван Андонов 9+4+10+10+10=43 поени;
2.Филип Николовски 10+10+6+7+9=42 поени;
3.Ели Јаковска 8+9+9+8+5=39 поени;
4.Катерина Поп Димитровска 4+8+8+9+7=36 поени;
5.Мартин Манасиевски 7+6+7+6+3=29 поени;
6.Ангелче Тимовски 6+7+3+5+6=27 поени;
7.Филип Савовски 2+2+5+2+8=19 поени;
7.Даниел Нацевски 5+5+2+3+4=19 поени;
9.Даниел Божиновски 1+1+4+4+1=11 поени и
10.Бојана Петкова 3+3+1+1+2=10 поени.
 
Доделувањето на наградите на првопласираните тројца спортисти ќе се одржи на 6,7 или 8 фебруари (во зависност од тоа како се слободни спортистите) со почитување на сите протoколи за заштита од Ковид 19. Наградите на останатите седум спортисти ќе им се доделат дополнително според договор со секој од нив.
Голема благодарност до сите оние што помогнаа околу организацијата на Изборот независно дали е со морална поддршка, контакти со спонзори, спонзорство, медиумска поддршка и слично.
Уште еднаш ќе напоменам дека настанот не е против никого, најмалку против Локалната самоуправа и се надеваме дека секоја година спортистите и нивните резултати ќе бидат вреднувани од институциите, локалните медиуми и спортските работници.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.