Во организација на општина Пробиштип, а под покровителство на Првата дама г-ѓа Марина Тоневска во понеделникот на 14 јануари се одржа традиционалниот, хуманитарен, петнаесетти по ред “Василичен коктел”.
Секоја година на сите присутни се дели од Василичните погачи во која се крие златникот, дар од првата дама, каде оваа година најсреќна меѓу присутните беше Дафинка Гаврилова, сопруга на сопственикот на компанијата “Црешово топче”.
Празничната мaнифестација беше надополнета со дечињата од Детската градинка “Гоце Делчев”, учениците од нижото музичко училиште при ООУ “Браќа Миладиновци”, групата која го негува традиционалниот фолклор, детскиот хор на учениците од двете основни училишта кои ја исполнија Божиќната песна и веселите пензионери кои му го дадоа препознатливиот лик на настанот со песна и оро подржувани од музичката група “Амајлија”.
Собраните парични средства од Василичниот коктел ќе бидат поделени на тројца жители од општина Пробиштип на кои во моментот им се неопходни.