ООУ„Никола Карев“-Пробиштип аплицираше и доби интерактивна табла која што ќе се користи за применување современите техники и методи, ќе се поттикне креативноста кај учениците и ќе се иницира процес во кој цел нема да биде користењето техника заради техника, туку развојот и учењето низ процесот на размена на информации помеѓу учениците и наставникот.
Министерството за образование и наука преку успешна соработка со Македонски Телеком АД-Скопје во процесот на унапредување на образовните процеси во земјата, даде силна подршка на проектот „Комјутер за секое дете како и подршка преку обезбедување на интернет конекција во училиштата во Република Македонија. Во таа насока Македонски телеком започна со постапка за набавка на интерактивни електронски табли.
Министерството за образование и наука изготви посебни критериуми врз основа на кои училиштата аплицираа за добивање на интерактивна табла.
Учениците почесто ќе се поттикнуваат да ги искажуваат сопствените ставови кон содржините, прашањата, задачите и активностите, ќе се упатуваат на користење на повеќе извори на знаења, почесто ќе се применуваат разновидни активности како што се истражување, анализирање, споредување, заклучување и слично, се со цел да се дојде до поквалитетни знаења и кај нив да се развијат основните вештини за решавање на проблемите.