gogo

A+ R A-


Општина Пробиштип ќе се обиде да профитира од старото јаловиште

http://www.bgmap.rs/konkurs/images/com_fwgallery/files/42/jaloviste-rudnika-bakra-bor.jpg

Поплавите во регионот го стопираа почетокот на геолошките истражувања на старото хидројаловиште кај Пробиштип. Неколку европски фирми покажале интерес, но најзаинтересирани биле англичаните.

Според градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, претставници од англиска компанија, на која засега не и се открива името, биле во Пробиштип, но откако ја увиделе состојбата, активирањето на механизацијата со која ќе треба да се направат истражувањата го одложиле, додека не се подобрат временските услови.

Старото јаловиште кај Злетово долги години е еден од најжешките еколошки проблеми во источниот дел од државата. Проценките говорат дека во старата јаловишна депонија има околу 11 милиони метри кубни олово-цинкова јаловина и други ретки метали и неметали, кои доколку се преработат, можат да донесат економски бенефит, но и чиста еколошка средина за населението од регионот.

Во зависност од проектите и елаборатите кои ќе ги достават компаниите кои се заинтересирани за експлоатација, ќе биде распишан и конкурсот за концесија со јаловишната депонија кај Злетово, вели градоначалникот Тоневски.

извор - ирис.мк

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.