Пензионерите и годинава ќе имаат можност за бесплатна бањско-климатска рекреација.
Проектот Владата го реализира веќе четврта година по ред.
Во изминатите години право да аплицираат имаа сите пензионери, но според утврдените критериуми предност ќе им се дава на оние кои имаат најмали примања. Пензионерите кои веќе ја користеле оваа услуга немаа право на повторн аплицирање.
Услугата може да ја користат лица корисници на старосна, инвалидска или семејна пензија.
Бањско - климатската рекреација вклучува бесплатен неколкудневен престој во некои од бањите во државата, бањска терапија и покривање трошоците за превоз во висина на повратна автобуска карта од местото на живеење до бањата.