gogo

A+ R A-


Почна изградбата на градска капела во Пробиштип

Градска капела со површина од 300 м2, опремена со ладилници по сите стандарди за погребалните услуги, до крајот на годината треба да биде изградена во општина Пробиштип.

Градската капела се гради на барање на граѓаните, кои пред донесување на општинскиот буџет во рамки на Форумите на заедницата се организираат со Швајцарската агенција за соработка и развој.

Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски изјави дека градежните работи се на самиот почеток, а рокот на изградба е шест месеци.

- Оваа година како главен приоритет беше избрана изградбата на Градската капела. Токму затоа, овој проект го предвидовме во нашите годишни програми за работа и во буџетот на општина Пробиштип. Еве, сега сме на почеток на изградбата, вкупната инвестиција е околу осум милиони денари. Очекуваме навреме да заврши, рече Тоневски.alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.