Во Четврток во Хотел „Сан Нико“ во Пробиштип со почеток во 18,00 часот закажана е петтата ( последна) форумска сесија во рамките на Проектот „Форум во заедницата“ на кој со свои предлози учествуваат граѓаните на општините Кочани и Пробиштип.
Тема во овој меѓуопштински форум е „Развој на туризмот во Спортско Рекреативниот Туристички Центар Пониква“.
Проектот чија вредност изнесува 6.800.000,00 денари, е финансиран со 3.400.000,00 денари средства од двете општини и 3.400.000,00 денари средства од донаторот „Швајцарската агенција за развој и соработка“ (SDC).
Учесниците на сесијата ќе одлучуваат по петте предлог-проекти: „Изградба на повеќенаменски објект за култура и спорт“, „Едно производи во урбана опрема“, „Изградба на инфраструктура за алтернативен туризам и промоција на Пониква“, „Доизградба на главната сообраќајница низ СРТЦ Пониква“, и „Третирање на цврст и органски комунален отпад на СРТЦ Пониква“.
За сите заинтересирани граѓани од Општина Кочани, кои ќе сакаат да учествуваат на последната сесија обезбеден е бесплатен автобуски превоз во четврток во 16:45 часот од Плоштадот во Кочани.
www.komarec.com.mk
С. Ивановски
ПОСЛЕДНАТА ФОРУМСКА СЕСИЈА ВО ПРОБИШТИП, ЌЕ СЕ ИЗБИРА ОД 5 ПРОЕКТИ
Најново
![]() | Денеска | 226 |
![]() | Вчера | 3953 |
![]() | Оваа недела | 19593 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 45483 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20963492 |