
На 05.07.2016 година во 21,20 часот во Пробиштип, на ул.„Јаким Стојковски“, во куќата сопственост на В.С.(59), настанала расправија помеѓу В.С. и неговиот син Г.С.(35), кој живее во Скопје.
Г.С. го земал пиштолот „М 70 Пара“ калибар 9мм (кој со дозвола го поседувал В.С.), и во ходникот испукал еден куршум во правец кон влезната врата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.