gogo

A+ R A-


Пробиштип домаќин на женските фудбалски репрезентации под 19 години на Македонија и Албанија

altЖенската репрезентација на Македонија до 19 години ja победи Албанија ao 3-1 (3-1) на првиот од двата пријателски натпревари во Пробиштип. Иако гостинките го отворија резултатот со голот на Иларја уште во 3. минута, не стигнаа долго да се радуваат на водството. Во 6. минута Теодора Димоска го постигна израмнувачкиот погодок, а две минути подоцна Моника Котева постигна гол за водство од 2-1. Конечните 3-1 ги постави повторно Димоска со гол во 14. минута.

Во 37. минута од натпреварот беше досуден пенал за гостинките, за старт врз Уенди, но Панчурова со својата одбрана не дозволи резултатско приближување.

„Одлично прво полувреме. Голот го примивме по грешка на нашата одбрана, но многу брзо успеавме да се вратиме, па и да стигнеме до водство. Многу сум задоволен од изданието на нашите фудбалерки и се надевам дека ваквата одлична игра ќе се повтори и на вториот натпревар задутре, кога шанса ќе добијата фудбалерките кои денес имаа помала минутажа“ -изјави селекторот Астрит Мерко.

Во среда двете селекции ќе одиграат уште еден пријателски натпревар. Почетокот е од 15.00 часот. 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.