Десет илјади посетители очекува да привлече општината Пробиштип на летниот фестивал кој ќе се одржи денес и утре. „Пробиштип самер фестивал“ е препознатлив по тоа што на него настапуваат само домашни музички имиња. Овој фестивал се одржува по втор пат, како продолжение на претходната музичка манифестација „Бели ноќи“. Организаторот најавува богата музичка понуда за сите вкусови.
-Започнуваме на 24 јули со настап на „ДНК“, Анета Наковска и „Трио Гранде“. Следниот ден ќе настапат Сара Мејс, „Боеми“ и бендот „Само Тони и две жени“. Двете фестивалски вечери ќе финишираат со настап на музичките диџеи Марга Сол, Мац и Цобе. Фестивалот ќе се одржува на новиот градски пазар, а обезбедени се повеќе штандови на кои ќе се послужува храна и пијалоци – изјави организаторот Радослав Илиевски.
Општина Пробиштип за летната културна понуда издвои пола милион денари од општинскиот буџет. О.А.
Пробиштип го зафати фестивалска атмосфера: Сара Мејс, ДНК, Анета Наковска...
Најново
![]() | Денеска | 629 |
![]() | Вчера | 12395 |
![]() | Оваа недела | 21754 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 13024 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20931033 |