gogo

A+ R A-


Пробиштип и Кочани ќе вложат 20 милиони евра во зимскиот центар Пониква

Повторно се буди Пониква, некогаш престижен ски-центар во источна Македонија. 20 милиони евра тежи инвестицискиот чекор на градоначалниците на Кочани и Пробиштип, во обид да го вратат сјајот на Осоговскиот бисер.

alt
 

- Владата покажа интерес за ревитализација и изградба на овој зимско-рекреативен центар. Во моментов со МПСО се реализира, односно во завршна фаза е инвестиција за изградба на воден резревоар за идните топови за вештачки снег, и започнаа работите на изградба на првата профи-сноуброд патека, изјави градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски.

- Ќе набавиме таканаречени топови што произведуваат вештачки снег. Затоа сега се гради вештачко езеро со зафатнина од 14 илјади метри кубни вода. Двете патеки ќе имаат и ноќно осветлување за скијање ноќе, дополни
Ратко Димитров, градоначалник на општина Кочани.

Првата фаза чини 3,5 милиони евра. Ако тече се според планот, в година Пониква ќе е домаќин на европско првенство во сноуборд. Во меѓувреме, се продаваат градежните парцели за викендички. Интересот кај граѓаните и странците е голем. Досега, оппштинарите продале 45, 15 се во купородажна процедура, а викендичка на Осогово ќе има и градоначалник од Полска. Бројот на викенд туристи е во пораст.

- Во првата половина од оваа година бројот на турсити беше 2.000, за сега да се искачи двојно, 4.000. За в година со завршувањето на сноуброд патеката, очекуваме удвојување на оваа бројка на посетеност, најави кочанскиот градоначалник.

Задоволството што го нуди снегот и кристално чистиот планински воздух е излез од урбаната џунгла. Уживањето го надополнува огнот од каминот, оригиналната по многу нешта осоговска храна, залиена со греано црвено вино. Сето тоа зачинето со љубезноста и ведриот дух на домаќините.

- Убаво е тука, постојано дококлку сме во можност доаѓаме за релаксација и одмор, изјави посетител од Скопје.

- Кој би можел да му оддолее на чистиот планински воздух. Густата магла и паѓањето на снег, воопшто не ни пречи. Јас и моето семејство да поминеме убав зимски викенд на Пониква, дополни посетител од Штип.

Густата магла и обилниот снег воопшто не е пречка, тука на Пониква душата емотивно да се исполни, отфрлајќи ги стегите од катадневниот стрес.

автор - Дејан Ефремов

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.