gogo

A+ R A-


Пробиштип и Кочани со проекти за развој на туризмот на Пониква

altПреку форуми во заедницата жителите на општините Пробиштип и Кочани  одлучуваат кои се приоритетите за социо-економски развој на општините и кои активности може да се спроведат за подобрување на состојбата на локалната заедница.

Пеку пет форумски сесии граѓаните на Пробиштип и Кочани дискутираат и предлагаат решенија за развој на туризмот на Пониква, спортско-рекреативен центар кој се наоѓа на териториите на двете општини на надморска височина од околу 1 600 метри.

Во текот на септември и октомври се одржани две форумски сесии (една во Пробиштип и една во Кочани) на кои беа дефинирани и презентирани проблемите во СРТЦ Пониква, и се предложени 12 предлог концепти, врз база на дефинираните подтеми, за изработка на проекти со кои би се решиле или ублажиле дел од проблемите и недостатоците во овој туристички локалитет. Во средината на ноември на третата форумска сесија ќе бидат избрани предлог концептите од кои понатаму  ке се изготват предлог проекти. На петтата форумска сесија ќе бидат избрани еден или повеќе проекти, зависно од буџетот, кои ќе бидат реализирани во текот на 2013 година.

Проектите на граѓаните ќе се финансираат со буџет од  6 800 000 МКД од кои 3 400 000 МКД се обезбедени од општините, а 3 400 000 МКД од донаторот Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

Центарот за одржлив развој АЛКА од Скопје е имплементирачка организација на овој меѓуопштински форум во соработка со оперативната група од Пробиштип и Кочани.

Целта на форуми во заедницата е поддршка на учеството на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.