gogo

A+ R A-


Пробиштип и Крива Паланка завиени во црно, две трагедии за два дена

alt

Загина 17 годишно момче од Пробиштип во тешка сообраќајна несреќа, што се случи на патот Пробиштип- Ратевица денеска околу 10.30 часот. Несреќата се случила кога 17 годишниот Александар Крстев заедно со неговиот сопатник 16 годишниот М.М. поради неприлагодена брзина се првртело со возилот.

Надлежните од СВР-Штип велат дека во тек е истрагата, а 16 годишното момче М.М, кое било сопатник е хоспитализирано во Клиничката болница во Штип. И двајцата биле ученици во средното училиште „Коле Нехтенин“ во Штип.

Tрагедија ја потресе и Крива Паланка. 31 годишен кривопаланчанец загинал додека работел на покривот на својата куќа.

Според информациите од полицијата, 31 годишниот Виктор Д. загинал додека работел на покривот од семејната куќа, лоцирана на улицата „8-ми Октомври“ во Крива Паланка.

Виктор го поправал покривот, кога изгубил контрола и паднал. 31 годишникот починал на лице место.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.