gogo

A+ R A-


Пробиштип ќе инвестира еден милион евра во водоснабдувањето

132392904Општина Пробиштип годинава ќе инвестира  во проширување на Филтер станица, но и ставање во функција на неколку препумпни станици за да се обезбеди квалитетно водоснабдување за неколку села и за новата индустриска зона Неокази.

Градоначалникот на општината Тони Тоневски  вели дека за да се развива Пробиштип предвидено е проширување на еден блок на Филтер станицата, со што од досегашните 75 литри во секунда, капацитетот ќе се зголеми на 100 литри во секунда.

-Паралелно со ова ќе ги автоматизираме и пумпните станици за населените места Добрево, Злетово, како и да ја ставиме во функција старата пумпна станица во Ратавици. Тоа е еден проект, кој што треба да биде почеток на обезбедување на дополнителни количини на вода за Пробиштип, при евентуален дефект на основното водоснабдување од ХС „Злетовица“, вели Тоневски.

Тој истакна дека оваа инвестиција во водоснабдувањето има за крајна цел и обезбедување на техничка вода за индустриските зони, а која ќе биде од корист за сите потенцијални домашни и странски инвеститори.

Проектот за зголемување на капацитетот на пробиштипската филтер станица, но и останатите инвестиции во водоснабдувањето ќе чини околу еден милион евра, од кои 300.000 евра се предвидени од општинскиот буџет, а останатите 700.000 евра се донација од словенечкиот ЦМРС и Министерството за животна средина.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.