Селекторот на одбојкарите Жарко Ристоски денеска во Пробиштип со своите избраници ќе почне со работа за квалификациите за Европското првенство во групата Ј каде што од 3 до 5 јануари 2014 во Ниш, ќе се сретнеме со Србија, Словенија и Португалија.
Поради стартот на подготовките, беше одложено дербито меѓу Вардар и Струмица се' со цел по неколкуте откажувања сите репрезентативци да бидат ставени на располагање на селекторот.
За постетување, една недела пред првиот собир настапот во националниот дрес го откажаа Јовица Симовски, Александар Љафтов и Владо Милев.