gogo

A+ R A-


Пробиштип ќе маршира за спас на ФК „Рудар“

Фудбалските вљубеници од Пробиштип на 3 мај ќе организираат марш низ улиците на градот, во знак на поддршка за фудбалскиот клуб Рудар Пробиштип. Овој клуб кој некогаш беше дел и од прволигашкото друштво во Македонија сега е на ниски гранки, а со овој марш под мотото „марш за спас на Рудар“ треба да се поттикне иницијатива за негово враќање на старите добри патеки.

spas za rudar 1„Ние, група на загрижени граѓани во соработка со навивачката група „Багабонти Пробиштип“, ве известуваме дека на ден 3. мај, недела, со почеток од 12 часот, ќе организираме марш за СПАС НА РУДАР. Целта на овој марш е опстанок  и заживување на единствениот фудбалски клуб во нашиот град Пробиштип, Рудар. Маршот ќе биде мирен и е без никаква политичка заднина“, информираат членовите на иницијативата за спас на фудбалскиот клуб од Пробиштип.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.