gogo

A+ R A-


Пробиштип почна со реконструкција на градинката, ќе ја прави енергетски ефикасна

http://www.ohrid.gov.mk/pictures/Gradinka_Leskoec_4856.jpgСo еден милион денари, Пробиштип ќе штеди струја и пари во детска градинка „Срничка“. Станува збор за градежни активности кои се насочени кон комплетна замена на вратите и прозорците во градинката, со енергетски ефикасни.
- Ќе се променат над 50 прозорци и на нивно место ќе се постават нови со пет комори и максимална изолација, изјави Ирена Бошковска, раководител на ЛЕР – тим на општина Пробиштип.
На овој начин, општината очакува сериозно намалување на сметките за затоплување на градинката.
- Очекуваме најмалку 15 % заштеда на енергија, потенцира Бошковска.
Проектот кој треба да обезбеди услови за енергетски ефиканско работење со 700.000 денари е поддржано од Програмата за заштита на природата, а општината инвестира 350.000 денари. 
Претходно, сличен ваков проект беше реализиран и во градинката „Гоце Делчев“, а сметките за струја, таму  се намалија за 20 проценти.

извор - Нова Македонија http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=51463

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.