gogo

A+ R A-


Пробиштип постави споменик на Св.Гаврил Лесновски за Денот на рударите

altСо низа активности, општина Пробиштип интензивно се подготвува за одбележување на 28 август, Денот на рударите. Денес се одржа свечена академија на која беше промовирана монографија „60 години Пробиштип“. Портпаролот на Општина Пробиштип, Валентина Ангеловска вели дека градот, токму на Голема Богородица ќе добие и споменик со ликот  на Свети Гаврил Лесновски, кој ќе биде поставена на Градскиот плоштад кој го носи неговото име.
-Поставувањето на постаментот се реализира од буџетот, додека споменикот на Свети Гаврил Лесновски е донација од бизнисменот Чедо Петров и неговото семејство, вели Ангеловска.  
altИ во останатите рударски општини во источна Македонија течат подготовките за Денот на рударите. Во Општина Македонска Каменица рударите на 28 август на Градскиот плоштад ќе ги развесели Лепа Брена, а во Берово вечерва концерт ќе има мега ѕвездата Здравко Чолиќ. За доброто расположение на пробиштипјани утревечер ќе се погрижи македонската поп-дива Калиопи. О.А.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.