Општина Пробиштип објави конкурс за избор на најубава фотогтафија на тема „Мојата улица – моето маало“.
На конкурсот може да се учествува со најмногу 2 (две) фотографии на зададената тема (фотографирани во Пробиштип) и до 3 (три) слободни фотографии. Фотографиите треба да се снимении доставени во електронска форма на CD, истите да се со висока резолуција (најмалку 5 мегапиксели), JPEG формат, најмалку 72 dpi, додека пропорциите да бидат стандардни (4:3/3:2/16:9).
Општина Пробиштип за првите три фотографии во двете категории обезбеди награди и тоа, за фотографии на зададена тема 4.000 за првото, 2.000 за второто и 1.000 денари за третото место, додека за слободните фотографии наградниот фонд е 2.000 за првото, 1.500 за второто и 1.000 денари за третото место.
Наградите ќе бидат доделени на 8 Декември 2013 година на изложбата која по тој повод, од пристигнатите фотографии, ќе биде поставена во Домот на културата во Пробиштип. За подетални информации околу условите за учество и рокотиви, повеќе на телефонскиот бројот 032/483-131 лок.108, 070/309-426, 078/209-050 или на е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите