Општина со најмногу инвестиции во транспортна инфраструктура во периодот 2007 – 2011 година е Пробиштип, а по неа следат, Македонски Брод и Сопиште, се сумира во истражувањеот на граѓанската асоцијација МОСТ. Првиот податок којшто треба да претставува некаков показател пред претстојните локални избори е дека 23 општини од вкупно 85, немаат воопшто инвестирано во транспортна инфраструктура во периодот 2007-2011 година. Општини кои имаат најголемо ниво на инвестиции во транспортна инфраструктура по глава на жител се следните:
1. Предводи општина Пробиштип која за посочениот период вкупно инвестирала 45.501.187 евра или 2.898 евра по глава на жител;
2. По неа следи општина Македонски Брод со вкупно инвестиции од 8.319.854 евра или 1.254 евра по глава на жител;
3. А општина Сопиште за истиот период вкупно инвестирала 5.119.512 евра или по глава на жител 905 евра.