Во Пробиштип се одржа првата конститутивна седница на новиот совет по локалните избори од 24 март, кога убедливо победи коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат Тони Тоневски.
На конститутивната седница беа потврдени мандатите на идните советници во Општинскиот совет кои предходно ги добија решенијата за избор на советници.
За председавач на Советот во нарендите четири години е избран Ранко Давитков. Советот на Општина Пробиштип ќе го сочинуваат еден независен советник, четири од коалицијата предводена од СДСМ и 10 советници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
На членовите на Новиот совет на општина Пробиштип им се обрати и градоначалникот Тони Тоневски, кој најави успешна соработка со советниците.