gogo

A+ R A-


Пробиштип сврте 200.000 евра од „Аквапарк-фест“

„Аквапарк-фест“ е веќе минато, Источна Македонија го положи тестот и покажа дека е жедна за вакви настани, а публиката очигледно задоволна си замина од дводневниот музички хепенинг. Според некои портали, околу 15.000 луѓе, а според весникот „Нова Македонија“ околу 7.000 луѓе го посетиле фестивалот одржан минатиот викенд. Порталот АБЕРЏИЈА направи анализа на финансиската исплатливост на ваквите фестивали и бенефитот што од него го имала општината Пробиштип.

altЗа почеток, ќе ја земеме минималната бројка од 7.000 посетители за двата фестивалски дена. Цените на влезниците се движеа од 500 до 900 денари (зависно од тоа дали е еднодневна и дводневна), или во просек една влезница чинела 10 евра. Помножено со 7.000 посетители, тоа изнесува 70.000 евра од влезници. 

Доколку секој посетител испил во просек по 5 пијачки, а просечната цена на пијачките е 2 евра, тоа значи дека секој потрошил по 10 евра. Помножено по 7.000 посетители, се доаѓа до бројка од 70.000 евра. Ако секој купил по еден сендвич (цена 3 евра), тоа значи дека и за храна се свртеле дополнителни 20.000 евра. Дополнителна заработка е остварена од изнајмување на стотици комплети за кампување. Се вкупно, по наша слободна проценка, организаторот на фестивалот заработил околу 160.000 евра. Повторувам, ова е паушална проценка, вистинските бројки ги знае само организаторот на фестивалот, како и хонорарите за ангажирање на музичките ѕвезди.

Огромен бенефит од одржувањето на фестивалот имаше и општината Пробиштип, каде три дена вриеше како во кошница. Турбо работеа сите угостителски капацитети во градот, преполни кафетерии и сендвичарници, полни хотелски капацитети, зголемен промет во маркетите за храна и пијалаци...  Грубо пресметано, секој од 7.000-те гости да потрошил по 6 евра, тоа се 40.000 евра приходи кои ги остварил градот.

alt

Сума сумарум, за два дена во Пробиштип се свртеа над 200.000 евра, бројка која воопшто не е за потценување од финансиски аспект. Фестивалот е полн погодок и од маркетиншки аспект, затоа што се направи одлична реклама за градот и за „Аква-паркот“. Како и да е, Пробиштип два дена пулсираше во ритамот на звуците од музиката на Пол Ван Дајк, Кирил Џајковски, Фулиш Грин, Суперхикс, Марк Најт и убаво беше да се видат на едно место илјадници насмеани лица и тела кои се нишаат во ритамот на музиката.      пишува - Оливер Арсовски

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.