Со оглед на препознатливоста на нашиот град преку рударството, хард-рок музиката е културен и уметнички израз преку кој на најавтентичен начин може да олицетвори оваа тешка дејност. Рударската професија ја карактеризира јаката човечка волја која доаѓа во костец со карпестото сивило. Во тој напор на рударот и во таа спрега со тоа сивило се претопуваат вредните метал-и и не-метал-и. Строгоста, тежината и сериозноста на оваа дејност создава длабока и силна човечка егзистенција. Рударот е опкружен со тврдите и високи тонови произведени од железните машини и тешките алати кои му се придружник во рудниците. Звуците создадени од судирот помеѓу чудовишните машини како движењето на лифтот, пискотниците на вагоните низ шините, бушењето на бургиите во карпата, наоѓаат свој креативен израз во соло изведбите на гитарата. Ударите на чеканот, протокот на рудата низ шутовите, бучноста од движењето на скреперите, сето ова произведува ритмови за бас. Татнежите од експлозиите и грмливиот пад на рудата се предмет за обработка на звук за тапани.
ДА, ТВРДИОТ РОК е најдобар начин, уметнички, да се изрази атмосферата на РУДАРСКАТА професија. Затоа нѝ е потребен РУДАР-РОК ФЕСТ.
КОГА? КАДЕ?
26-08-2022 ПОВЕЌЕ НАМЕНСКО ИГРАЛИШТЕ
ГРАДСКИ ПАРК - ПРОБИШТИП
Преку оваа страна со особено задоволство сакаме да ви го најавиме и претставиме овогодишното издание на Рудар-Рок Фест 2022. Се работи за рок фестивал кој што успеавме да го реинкарнираме повторно после повеќе од 16 години (со исклучок во една година, 2010-та). Фестивалот настана и за прв пат се оддржа во далечната 97 години. Во првите неколку години успешно се оддржуваше и во тоа време постоеше некоја надеж дека ќе заживее како традиционален рок фестивал на град Пробиштип.
На РУДАР-РОК ФЕСТ 2022 ќе настапат неколку бендови од Македонија претставници на хард-рок музиката:
- Крпен Живот
- Последен удар
- Eruption
- Station : Innermost
- Conspiracy