gogo

A+ R A-


Пробиштип заедно во традициите и иднината со Ќустендил

Во Пробиштип започна реализацијата на проектот “Заедно во традициите и иднината”.

alt

Партнери во проектот се ОУ “Св. Кирил и Методиј” – Ќустендил, Бугарија, ООУ “Никола Карев” Пробиштип, Македонија и читалиште “Братство – 1869″ – Ќустендил.

Главната цел на проектот е да се создаде одржлива и плодна соработка меѓу прекуграничните партнери преку спроведување на активности за запознавање и анализа на културните ресурси во регионот, вклучување на младите во локалните традиции и достигнувања и активирање на нивните напори за подобрување на квалитетот на живот во родниот крај .

Целта ќе се постигне со изградба на паралелни клубови за етнографија, народно усно творештво, драма, применета народна уметност, и новинарство во двете училишта, како и клубови за народни песни и танци на читалиштето.

Проектот е со вредност од 97. 869,26 евра по втората покана за проектни предлози во рамките на програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија 2007-2013 од Инструментот за претпристапна помош.

На 07.12.2012, од 13:30 часот во ОУ “Св. Кирил и Методиј “- Ќустендил, Бугарија  се реализираше заеднички час “Заедничка училница” во кој мешан бугарско-македонски клас од групите за применета народна уметност  работeа на споредување на фолклорни традиции од двата региона и размена на креативни идеи.

alt

Соработката помеѓу наставниците и учениците од двете училишта ќе има значаен придонес во зголемување на можностите за личен развој и збогатување на социјалните способности, создавање на вештини за активна комуникација, како и пријателства за цел живот

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.