gogo

A+ R A-


Пробиштипјанец купил сигнално оружје и го приспособил во огнено, заработил пријава

Полицијата поднесе кривична пријава против Љ.М. (29) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

alt

Во јануари 2017 година пријавениот неовластено набавил пиштол за светлосно-звучна сигнализација калибар  9мм и 50 куршуми за звучна сигнализација калибар 9 мм. Потоа, пријавениот извршил корекција на пиштолот, односно отстранување на фабрички  вградената препрека во цевката, со што е овоможено со истиот да се врши испалување на муниција со проектил со калибар 9 мм.

Покрај ова, пријавениот извршил корекција на 41 парче од набавените куршуми за звучна сигнализација. Набавил метални топчиња со дијаметар од 6 мм и на предметните неиспукани куршуми ги поставил, со што изработил модифицирани куршуми, со кои што од предметниот пиштол може да се изврши испалување на проектил, соопштија од МВР.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.