gogo

A+ R A-


Пробиштипјанец учествувал во автомобилски карамбол, поминал неповреден

altНа 8 август во 7.30 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп кај месноста ,,Динкот" се случила сообраќајна незгода помеѓу три автомобила.

Во несреќата учествувале автомобил голф, со пробиштипски регистарски ознаки, управуван од Р.З. (25) од Пробиштип, автомобил тојота корола,со велешки регистарски ознаки, управуван од А.С. (51) од неготинското село Тимјаник  и автомобил рено флуренцо, со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(53) од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од тојотата А.Е. (46) од с.Тимјаник и од реното  Д.К. (33) од Прилеп.

Истите биле пренесени во ЈЗУ Општа болница Кавадарци каде биле задржани на лекување.

Поради сообраќајната незгода сообраќајот на наведениот патен правец во двете насоки беше во прекин од 7.30  до 9 часот.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од кавадаречката полиција.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.