На ден 17-ти овој месец екипи од “Искра Системи”-Словенија и ЈКП “Никола Карев”-Пробиштип извршија пробно работење на филтер станицата на вода за пиење, при што беа добиени првите примероци на вода преработена од станицата.
Истите веднаш беа приложени за анализа до “ЈЗО” – Штип.
Добиените резултати од анализата само го потврдија квалитетот на една од најмодерните фабрики за вода во регионот и пошироко, па со задоволство можеме да кажеме дека Пробиштип ќе добива една од најквалитетните води за пиење.