gogo

A+ R A-


Пробиштипјани ограбиле маркет, па стоката ја продале на препродавач

alt

Полиција до Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Р.П.(24) и А.В.(24) двајцата од Пробиштип поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело тешка кражба и против Б.К.(33) од Штип поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело прикривање.

Пријавените Р.П. и А.В. на 23 октомври со намера да се стекнат со противправна имотна корист, со употреба на физичка сила и подесен алат, насилно ја отвориле влезната врата од продавницата ДТУ „Томи-Ники“ ДООЕЛ на ул.„Даме Груев“ во Пробиштип.

Тие влегле внатре и одзеле цигари, кафе, сувомеснати, козметички производи, пијалоци, картички за надополнување кредит од ВИП и околу 2.500 денари  од касата.

Прво и второпријавениот на  24 октомври одземените производи ги  продале на третопријавениот кој ,иако знаел дека потекнуваат од кривично дело,  ги препродал со што се стекнал со противправна имотна корист од 4.700 денари.

Со извршување на кривичното дело причинета е материјална штета во износ од околу 43.739 денари.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.