gogo

A+ R A-


Пробиштипјани се сретнаа со претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Иванов вчера го посети Пробиштип, каде оствари средба со граѓаните на овој град. Граѓаните на Пробиштип искажаа пофални зборови за досегашната работа на Претседателот и му изразија поддршка за во иднина.
Претседателот Иванов во посета на ПробиштипНа средбата со жителите, македонскиот претседател беше информиран за инфраструктурните проекти и тековните активности што се реализираат во нивниот град. Граѓаните истакнаа дека во градот се спроведуваат се повеќе проекти со што истиот добива современ и модерен изгледа. Воедно посочија дека покрај тоа што Пробиштип е пред се рударски град, се повеќе жителите се занимаваат со земјоделство благодарејќи на субвенциите од Владата и програмата за финансиска помош на земјоделието.

Населението изрази задоволство од исплатените субвенции кои во подрачна единица Пробиштип, во периодот од 2006 – 2013 година се во износ од приближно 343 милиони денари. Додека пак за 2013 година, се исплатени 37.6 милиони денари субвенции. Жителите на Пробиштип особено ја поздравија реконструкцијата на регионалниот пат Страцин-Пробиштип и реконструкцијата на патниот правец Пробиштип-Свети Николе.

Претседателот Иванов, последен пат беше во посета на Пробиштип во август минатата година на прославата на големиот празник Успениe на Прeсвета Богородица.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.