Екипата на Пробиштип ВА се избори за првото историско финале од домашниот шампионат, откако и во реванш средбата од полуфиналето славеше над Борец, денес во Велес со резултат од 0-3 во сетови (24-26, 23-25, 27-29).
Така екипата од Истокот на Македонија ја потврди победата од првиот дуел игран на домашен терен, исто така со резултат од 3-0 и си осигура финале.
Ривалот на Пробиштип ВА во финалето за титулата ќе биде екипата на Струмица, која пак во полуфиналето со две победи го елиминира тимот на Лешок.