gogo

A+ R A-


Пробиштипјанката Ели Јаковска ги стресе Рома и Лацио среде Рим

altПред неколку години Горан Пандев беше страв и трепет за италијанските фудбалски гиганти Рома и Лацио, а сега дваесетгодишна пробиштипјанка Ели Јаковска е играчот за кој се зборува во Рим. Репрезентативката на Македонија во дресот на српскиот првак Спартак Суботица ги здрма женските тимови на Рома и Лацио со четири погодоци во нивната мрежа, на турнирот „Капут мунди“, кој се одржа во Рим.
-Уште на стартот на турнирот во Рим бевме меѓу фаворитите за освојување на трофејот. Спартак е сериозен клуб, со одлични услови за тренинг и со тренер кој е селектор на српската женска фудбалска репрезентација. Квалитетот го покажавме на турнирот на кој ги декласиравме противниците и стигнавме до трофејот. Јас партиципирав со четири погодоци, три против Рома и еден против Лацио, единствено романската Гинтра успеа да ме задржи – истакна Јаковска.
Јаковска е на добар пат со клубот од Суботица да ја освои двојната круна во Србија и на лето да игра квалификации за влез во женската Лига на шампиони.  
Оливер Арсовски

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.