gogo

A+ R A-


Пробиштишјани го вкусија „Зелникот на баба“

Македонската традиционална сукана и месена храна ги собра општините на едно место. Денес во Пробиштип по четврти пат се одржа манифестацијата „Зелникот на баба".

altУбаво е што од година во година оваа манифестација зема се поголем замав. На тезгите се наоѓаат најубавите македонски традиционални специјалитети и се е подготвено по оригиналните рецепти. Средствата од продадената храна се за хуманитарна намена, вели градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски.

На манифестацијата „Зелникот на баба" во Пробиштип настапија и повеќе фолклорно уметнички друштва, а посетителите воодушевени од традиционалната македонска храна велат дека оваа манифестација ќе ја паметат цела година.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.