Кога те сака среќата, не е тешко да освоиш 135.000 евра во обложувалница со уплата од 440 денари. Ова му успеа на играч од Пробиштип, кој одиграл неверојатни 30 мечеви на еден тикет, повеќето со ситни коефициенти до 1.50. Тикетот е уплатен во Пробиштип, а добивката е апсолутен рекорд на овие простори, со оглед на фактот дека станува збор за сума од над осум милиони денари.
Откако погодил четири јапонски средби, „велемајсторот од Пробиштип“ одиграл и шест натпревари од англиската Чемпионшип-дивизија, и тоа со идентична двојна шанса 1х.
Најмногу среќа имал на средбата од втората германска лига меѓу Динамо Дрезден и Нирнберг, на кој типувал 2+ на цел натпревар, а домаќините постигнаа израмнувачки гол за 1-1 во 91. минута.
Прославата во Пробиштип почна околу 22 часот, откако стана јасно дека станува збор за историски тикет. Мечот Металац – Напредак беше типуван 2+, а два гола паднаа уште во првото полувреме, па последна средба беше Вождовац – Борац Чачак. Типот беше победа на домаќините, а Вождовац славеше со 2-0 со головите на Ѓеоргиевиќ во 3. и во 74. минута.
Мора да се истакне дека среќникот максимално го искористи и „бонусот“ што го нуди Моцарт, кој во овој случај изнесуваше 40% или околу 56.500 евра.