gogo

A+ R A-


Рио не дојде, ама Пол Ван Дајк беше во Пробиштип (ФОТО)

Германскиот диџеј Пол Ван Дајк синоќа беше во Пробиштип, ја крена бројната публика на „Аквапарк-фест“ на нозе, ама не го донесе со себе својот  пријател Рио Фердинанд. Откако ПВД на својот ФБ профил објави дека ќе го гледа финалето на ЛШ во друштво со ѕвездата на Манчестер Јунајтед, во прв миг сите помисливме дека тоа ќе се случи во Пробиштип. Потоа се сврте приказната дека двете ѕвезди финалето ќе го гледаат на Ибица, а дека во живо на видео-бим ќе го гледаме неговиот сет во Шпанија. На крај излезе дека Пол Ван Дајк и Рио во саботата си се разладувале со „Хајнекен“ на Ибица, но во вечерните часови диџејот пристигнал во Пробиштип.
Е па драги мои, за Рио ич да не се секирате, него ќе го гледаме кога Манчестер Јунајтед ќе му гостува на Вардар во групна фаза од ЛШ, или пак кога македонската фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски меч со „гордиот Албион“.   пишува - Оливер Арсовски

alt

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.