gogo

A+ R A-


Рудниците „Злетово“ и „Тораница“ наскоро добиваат нови газди

Пет странски компании кои инвестираат во рудници ширум светот пројавиле интерес да ги преземат рудниците за олово и цинк „Злетово“ во Пробиштип и „Тораница“ во Крива Паланка, пишува Утрински весник. Од домашните фирми никој не покажал интерес за овој бизнис. Претставници на заинтересираните странски компании веќе ги посетиле двата рударски града, ги разгледале рудниците и најавиле дека најдоцна до средината на идниот месец ќе се изјаснат во однос на своите намери за овие два стратешки капацитети на македонската економија кои се најзначајни за малите рударски општини.

http://faktor.mk/wp-content/themes/sahifa/timthumb.php?src=/wp-content/uploads/2014/03/rudari.jpg&h=330&w=660&a=cВладица Донева, стечаен управник на овие рудници, вели дека завршила постапката за пријавување на побарувањата. „Не е значаен бројот на фирмите и институциите кои ги пријавија своите побарувања, значајна е висината на сумата која стои во тие побарувања. Таа ќе биде позната во текот на идниот месец и тогаш многу работи ќе станат појасни“, вели Донева.

Тоа значи дека во втората половина од месец јануари, 2016 година, доверителите ќе одлучуваат за судбината на овие рудници. На позитивен исход особено се надеваат околу илјада рудари и нивните семејства во Пробиштип и во Крива Паланка. „Како синдикат во рамките на СИЕР силно притискаме кај Владата што побрзо да се најдат нови инвеститори за овие рудници, бидејќи во прашање е егзистенцијата на илјада семејства, а во прашање е и развојот на двете општини кои своите буџети во добар дел ги полнат и од концесискиот надомест за експлоатација на минералните суровини.

Нашите перманентни активности вродија со плод, па од Владата веќе имаме најава дека на почетокот од идниот месец ќе биде распишан меѓународен јавен тендер за нови концесионери на двата рудника“, вели Тодос Гацовски, претседател на синдикатот во рудникот „Злетово“. Според него, интерес да влезат во овие рудници пројавиле Американски инвестициски фонд, американски, руска, англиска и австралиско-канадска компанија.

Пред околу една недела, рударите добиле мал финансиски надомест за десетте дена, од 19 ноември до крајот на истиот месец, кој им бил исплатен преку Агенцијата за вработување. Гацовски укажува дека рударите ќе добиваат помеѓу седум и десет илјади денари, но најмногу до шест месеци, бидејќи ваков финансиски надомест им следува за еден месец на секои навршени две години работа во рудникот. Притоа им се исплатува половина од платата која секој од рударите ја заработувал во изминатите близу десет години, време во кое рудниците ги менаџираше индиската компанија „Индоминерали и метали“.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.